Нолевска од Данска се сели во Романија

Македонската интернационалка, Наташа Нолевска кариерата ја продолжува во Романија, во екипата на Корона Брашов,
Нолевска во Романија доаѓа од Данска. Таму играше за Виборг, а минатата сезона ја одигра во дресот на екипата на Ринкобинг, но откако овој тим не обезбеду опстанок во најсилната конкуренција, следеше масовно заминување на ракометарките. 

Нолевска беше една од играчите за кои се знаеше дека ќе си оди, но се до денеска не беше официјално позната нејзината нова средина. 

Шампионатот на Романија е силен, па Нолевска ќе има шанса да напредува преку тешките дерби средби што речиси секоја недела се играат во Романија. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk