Мотор се засилува за СЕХА

Во исчекување на финалната верзија на распоредот на СЕХА, во која очекуваме да го видиме и украинскиот шампион Мотор Запорожје, се составува ростерот на првакот на Украина. 

Во Запорожје се враќа украинскиот репрезентативец Станислав Жуков. Тој во 2017 од редовите на Мотор замина во Гумерзбах, но деновиве го раскина се уште актуелниот договор. 

Приватни причини се наведени во објаснувањето за раскинот на договорот, а една од „приватните“ причини сигурно е испаѓањето на Гумерзбах од најсилната германска лига. 

Станислав Жуков, сега се враќа во Мотор и ќе го пополни местото испразнето со заминувањето на Буњенко. Инаку се работи за играч што игра на позицијата лев бек.
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk