Руска ракометарка се удави на ЕП на плажа

Трагедија го одбележа крајот на ЕП во ракомет на плажа. Според информација од Полската ракометна федерација, руската ракометарка Екатерина Королева (20) го загубила животот на последниот ден од ЕП. 

Королева се удавила во езерото во близина на ракометните игралишта. Ноќта по завршувањето на првенството, Королева учествувала во ноќната забава на брегот на езерото. Нешто после полноќ, скокнала од дрвената платформа во езерото. Веднаш потоа, друга ракометарка ја забележала како плута на површината. Во истиот момент, ја извлекле надвор, но било предоцна. 



Екатерина Королева

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk