Вести: Спортинг го избрка капитенот, Каденас прави лом во Адемар...

Еден од најпознатите романски ракометари, Алин Саниа (фото) по две години минати во Темишвар, потпиша за екипата на Бузау. 

Екипата на Баја Маре го врати од Барселона во своите редови романскиот талент Андреи Бузле. Тој беше регрутиран од Барса, но нема да биде дел од каталонскиот тим. 
Истата екипа објави дека откако ќе заврши сезоната и договорот на актуелниот тренер Раул Фонтанеа, нема да биде продолжен договорот туку нов тренер ќе биде Французинот Стефан Плантин. 

На Конгресот на ИХФ во Гетеборг, официјално згасна Пан Американската Конфедерација и на нејзиното место се формирани две нови. Јужна и Централно Американската и Северна Американска и Карипска федерација. 

Претседателот на ИХФ, Хасан Мустафа, објави дека топката без лепак прв пат ќе почне да се користи во 2020 година на женското јуниорско СП. 

На Конгресот на ИХФ во Гетеборг беше потврдено дека САД ќе добијат вајлд карти за учество на СП во 2025 и 2027 година. Ова се прави за да се зголеми заинтересираноста за ракомет во САД пред ОИ Лос Анџелес 2028.

Фарски Острови (У17) ја шокираат фаворизираната Шведска во финалето на Еуро Опен што се игра во рамки на Партиле Куп. Ф. Острови запиша победа од 36-29 и стана нов шампион.

Уште не седнат на клупата на Спортинг, Тјери Анти почна голем рез. Прв настрада капитенот Карлос Карниеро. Тој пред два месеца потпиша нов двегодишен договор, но сега е избркан од клубот. 

Лом прави и довчерашниот тренер на Мешков Брест, Маноло Каденас, уште неседнат на клупата на Адемар Леон. Голманот Димитри Потоцки ќе си оди без да одигра ниту еден меч за Адемар, а отказ доби и Аргентинецот Ервин Фојхман. 



 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk