Запре замената на почвата во Велес

Еколошкото друштво „Вила Зора“ запре со замената на почвата на јавните површини во Велес. Како причина посочија  земјоделец кој самоиницијативно извршил промена на почвата, но тоа не дало резултат. Во новата почва биле пронајдени високи вредности на олово и кадмиум, иако претходно ги немало.

„Престануваме со деконтаминација на почвата во градот и во поблиската околина додека не се дислоцира депонијата со згура, што се наоѓа на влезот во градот од правец на Скопје. Се надевам дека тоа ќе започне во најскоро време. Имаме пример на земјоделец кој заменил четири декари површина со нова, неконтаминирана почва од реонот на село Ногаевци. Испитувањата кои пролетоска ги направивме на новата почва покажаа дека има загадување со тешки метали во значајни концентрации“, изјави Ненад Коциќ од ЕД „Вила Зора“ и член на Советот на Општина Велес.

Тие планираа да извршат замена на почвата од дворовите на градинките и училиштата. Стручњаците предупредуваат дека не само депонијата со згура, туку и објектите на Топилница се полни со честички на тешки метали.

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk