Со шведски тренер против Вардар

Му тргна на шведскиот тренер Ола Линдгрен. За само десет дена, со обезбеди два ангажмана. Првиот е селектор на репрезентацијата на Финска. 
Вториот објавен денеска е тренер на египетскиот тим Ал Ахли. 

Ола Линдгрен е нов тренер на Ал Ахли објавија денеска шведските медиуми. А, Ал Ахли, пак,  е еден од најсериозните кандидати за настап на Супер Глоуб.
На клупското првенство ќе настапи и македонскиот и европски првак Вардар и 50-50 е веројатноста дека токму со Ал Ахли ќе си има работа во 1/2 финалето на турнирот. 

Ола Линдгрен има искуство (не многу пријатно) од дуелитер со Вардар. Тој до неодамна беше тренер на шведскиот тим Кристијанштад. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk