Не сме спремни за на плажа

Македонија пред дванаесет-тринаесет години со играчи како Наумче Мојсоски, Стевче Алушовски или Клара Боева, Билјана Црвенкоска односно најдобрите сениори од обичниот ракомет успеваше да искомпензира и да биде рамо до рамо со сите други репрезентации, кои мора да споменеме ретко каде имаше професионалци од обичниот ракомет. 
Сега веќе не е така. 
Времето во кое ракомет на плажа беше сосема нов спорт во кој сите беа подеднакво неискусни е минато.
Двете македонски репрезентации учесници на Европското првенство во ракомет на плажа што се одржува во Полска, денеска ќе ги играат последните натпревари. Се покажа дека летово не бевме спремни за на плажа. 

Тоа ќе бидат нокаут натпревари за избегнување на последното место на ЕП. 

Машката репрезентација досега беше поразена на сите натпревари. За избегнување на фенерот ќе игра со еднакво лошата Црна Гора. 

Девојките успеаја да победат еднаш, против Кипар. И за избегнување на последното место одново ќе играат со Кипар. 

ИХФ се бори овој спорт да го однесе на Олимписки Игри. Засега му успеа да го однесе на сите предигри, но статус нема да добие. Париз 2024 нема да има ракомет на плажа, останува да видиме дали Лос Анџелес ќе биде поинаква приказна. 

Каков ќе биде статусот на спортот во Македонија по враќањето на репрезентациите од Старе Јаблонки, РФМ дополнително ќе треба да одлучува во своите планови. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk