Словенечки репрезентативец се спаси од затвор

Грег Оклешчен е 23 годишен ракометар на Горење кој пред две години дебитираше и за репрезентацијата на Словенија. 
Му предвидуваа блескава кариера, но малку од тоа ќе биде реализирано. Наместо епитет на ѕвезда, ќе носи сосема поинаква етикета до крајот на животот. 

На Грег Оклешчен денеска му беше изречена условна казна затвор во траење од една година. Тој во времето кога како студент работел во банка, крадел пари од сметките на коминтентите за да покрие долгови од обложувалници и да го покрие својот скап стил на живот. 
Се работи за сума од околу 20.000 евра, пари што биле вратени на сметките на клиентите, но случајот иако требало да остане далеку од јавноста, денеска излезе на виделина. 

Горење го купи овој ракометар минатата сезона откако Целје се откажа од него. Потпишаа тригодишен договор и сега не знаат што ќе прават понатаму. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk