Прошол низ раце на Јоновски, па го памти

Данскиот ракометар Расмус Бојсен (Есбјерг) е еден нов феномен во светскиот ракомет. Тој кариерата реши да ја комбинира со ракометно новинарство, па стана познат по тоа што постојано објавува ракометни трансфери, текстови и слично. Можеме да кажеме дека врши добра работа и дека е во тек со многу настани. 

Бојсен кој во моментов игра за Есбјерг, реши да состави своја листа на најдобри дефанзивци на сите времиња. 
Има на спиосокот ликови со кои не сакате да се сретнете не на терен, туку ниту на улица. Хасан Мабрук, Исам Теж, Славко Голужа, Висем Хмам, Магнус Јернемир, потоа Динар, Рогиш, Винцек... 

Очигледно во еден момент Бојсен прошол и низ рацете на Аце Јоновски. Не заборавил да го стави Македонецот на овој список, во друштво што е доста опасно. 

Погледнете кои играчи ги има селектирано Данецот и колкумина од нив ќе препознаете...




Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk