Брестовац одбра тим за Кадетското СП

Главен ракометен настан летово во Македонија ќе биде Светското кадетско првенство што од 6 до 18 август ќе се одржи во Скопје. 
Македонија е домаќин и со шанса да направи добар резултат, но уште побитно да извади генерација на ракометари што во следниве неколку години ќе стигне до статус на А репрезентација. 

Има неколку имиња на овој кадетски состав што веќе се наметнуваат како А репрезентативци. Ненад Костески, Мартин Серафимов, има неколку играчи за кои долго време слушаме дека се вонсериски таленти и сега ќе имаме шанса да ги видиме на дело со нивните врсници од целиот свет. 

Резултатите не се во втор план, иако големата слика е продукцијата на играчи за сениорскиот состав. 

Македонија неколкупати организирала вакви првенства и кога ќе погледнеме кон нив ќе видиме дека на тие првенства се промовирале играчи како Иве Гензајмер, Павел Атман, Вилијам Акамбре, Винсен Жерар итн. 

Со нетрпение чекаме да видиме што овој пат има да ни понуди ракометниот свет. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk