Стигна Волф, Келце го затвори ростерот

Игор Карачиќ со шампионски пехар слета во Келце, но главната ѕвезда во тимот не е хрватскиот репрезентативец, туку германскиот голман Андреас Волф. Тој доаѓа на местото на Филип Ивиќ и Владимир Цупара кои беа одлични, можеби најсилен дел од Келце лани. 
Но, Волф е Волф и веднаш по пристигнувањето се крена прав во Келце. 

Келце годинава ослободи следниве играчи: Цупара, Ивиќ, Јурецки, Бис и Мамиќ. 

Дојдоа познати ликови: Волф, Карачиќ, Вујовиќ, Корнецки, Пеливан, Гиљо и Гебала. 
На хартија има состав што е вреден за секоја почит. Минатата година имаа премногу проблеми со повреди и финансии, годинава се средени и скоцкани, па ќе видиме како ќе функционираат. 


КЕЛЦЕ 2019-2020
Голмани: Андреас Волф, Матеуш Корнецки, Милош Валах
Леви крила: Анхел Фернандез, Матеуш Јахлевски
Леви бекови: Владислав Кулеш, Дорук Пеливан, Томаш Гебала
Средни бекови: Игор Карачиќ, Даниел Душебаев, Мариуш Јуркиевич
Десни бекови: Алекс Душебаев, Криштоф Лијевски, Бранко Вујовиќ
Десни крила: Блаж Јанц, Аркадиуш Морито
Пикери: Хулен Агинангалде, Артојм Каралек, Ромарик Гиљо

 

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk