Одлуката на УО на СЕХА Гаспром дека Лигата следната сезона ќе брои 12 клуба поделени во две групи е на сила и во овој момент не се размислува за нејзино менување.
Деновиве се појавија шпекулации дека поради реакциите на Украинската федерација и Министерството за спорт на Украина, Мотор ќе го откаже учеството. Нивното место наводно требаше да го зеземе некој трет клуб, па тука се појави и опцијата за проширување и така натаму.
Во СЕХА Гаспром немаат дилеми дека Мотор ќе игра. Имаат потпишан договор и иако очекуваат финален одговор од Запорожје, 99 % се сигурни дека Мотор ќе биде дел од Лигата. Сигналите од Запорожје се позитивни, но се очекува формално потврда па потоа да бидат објавени групите.
А групите се поделени по основ на тоа две екипи од иста држава да не се во иста група, плус тие штос е воста група во ЛШ да не се во иста група во СЕХА.
Малку комбинаторика и ќе излезе дека Вардар, Татран и Нексе се во иста група, Загреб, Веспрем, Мотор, и Работник во друга...