ПСЖ си најде нов Сагосен

ПСЖ објави дека од сезоната 2020-21 во нивните редови ќе игра ракометарот Елохим Пранди. Ракометар за кој малку се знае, но веруваме многу ќе се слушне. 

Тој е ракометар од позицијата лев бек и во моментов игра за екипата на Нимс. Минатата сезона, иако имаше само 19 години, беше еден од трите најдобри леви бека во Франција. 

Пранди е ракометар што ќе можеме да го видиме на јуниорскиот мундијал што летово ќе се игра во Шпанија. Во ПСЖ, заедно со Метју Гребил ќе ја пополнат бековската позиција, значително ослабена со заминувањето на Сандер Сагосен во Кил. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk