Женската репрезентација на Македонија во ракомет на плажа заглави во песокот уште на својот деби настап на шампионатот.
Македонија својот прв натпреваро го имаше против Русија и беше поразена 0-2 (11-24, 0-16),
Во првиот сет Русинките победија со 24-11, а вториот беше вистинско фијаско за избраничките на Сашо Србиноски.
Македонија не успеа да постигне ниту еден гол, а прими 16.
Теодора Маркоска постигна 8 гола за Македонија, Боризовска постигна 2, а Симона Грозданоска еден погодок.
По овој резултат, веќе можеме да „зборуваме“ за амбициите и дострелот на македонскиот тим. Инстантно станавме аутсајдери.
Русија претходно одигра уште еден натпревар, со Германија и беше поразена 1-2.
Од 15:45 Македонија ќе одигра уште еден натпревар, против Германија.
Во групата покрај Русија, Македонија и Германија се уште и Данска и Украина.