На Вардар му треба силна лига за да остане во ЛШ

Ждрепката за ЛШ, традиционално беше искористена за промоција на разни нови правци по кои ќе се движи европскиот ракомет во иднина.
Кај нас малку се знаат детали на темата, затоа што претставниците на нашите клубови што беа во Виена не сме виделе да дадат некаков извештај па клубот да го сподели со јавноста, па моравме да почекаме ЕХФ да се огласи. 

Првото нешто што ни изгледа помалку чудно е дека е прифатен нов систем за дистрибуција на бодови, што ги опфаќа ЕХФ Лигата на шампиони и Еуро Лигата. ЕХФ Куп (Челинџ ќе си има посебен систем).

Ова би требало да значи дека за рејтингот на една држава ќе се гледаат резултатите остварени во ЛШ и во Еуро Лигата, комбинирано. Македонија во моментов е на седмото место, има зад себе две послабо пласирани екипи (до деветто место се добива пласман во ЛШ), но дологорочно... бодови мораат да носат Работник и Металург или брзо ќе се најдеме под деветтото место.

Втората работа на која дологорочно мора да сметаат екипите надвор од Скопје е дека ЛШ наскоро ќе може да се игра само во главниот град. 
Иако има подготвителен период од четири години, ЛШ од 2021 почнува да рече рокот, а по 2024 ЛШ ќе може да се игра само во сала што има над 4.000 гледачи капацитет и четири трибини. 

Такви сали во Македонија се само скопските. Евентуално како објект и Гемиџии во Велес би можел да се адаптира. 
Битолската сала во која има само две трибини нема да може да биде домаќин на вакво натпреварување. Прашање е дали и годинава ќе добијат зелено светло... Но, ако евентуален се размислува за реновирање, треба да се има на ум дека наскоро за ЛШ ќе требаат четири трибини. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk