Вардар во Топ 10 на социјалните мрежи

Вардар е во Топ 10, Металург во Топ 15 кога станува збор за бројот на следбедници што го имаат клубовите на социјалните мрежи. 
Со повеќе од 184.000 следбедници, Вардар е на деветтото место, додека Металург нешто помалку од 88.000 следбедници. 

На првото и второто место се Барса и ПСЖ, каталонците со речиси 5 милиони, ПСЖ околу 1,5 милион... 

Интересени бројки, но познато ви е веројатно јасно како функционираат социјалните мрежи и дека ваквите бројки знаат воглавно даваат лажна слика за популарноста и влијанието. 

Тоа што вистински се брои е дека Кил кој има 15-тина пати помалку следбедници на социјални мрежи од Барса, ја има распродадено својата сала за сите натпревари уште пред да почне сезоната, додека ракометната секција Барса ретко кој ја познава и во својот град и може на прсти да брои кога ја наполнила салата со години наназад. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk