Украина не го пушта Мотор во СЕХА Гаспром

СЕХА Гаспром и Мотор Запорожје се договорија за учество на украинскиот шампион во ова меѓународно натпреварување, но нема да мине без проблеми приклучувањето на овој клуб во Лигата. 

Украинската федерација објави дека не го поддржува овој проект. Гаспром е на списокот на компании кои се под санкции во Украина и државата Украина не сака ништо од Гаспром да биде промовирано во Украина. Нагласено е дека Украинската ракометна федерација мора да ги почитува украинските закони затоа што е национална федерација. 
Тие не семо што не ја прифаќаат СЕХА (читај Гаспром), туку се категорично против Гаспром во која било форма да се рекламира на нејзината територија. 

По ова следи и реакција од Украинската федерација која не ги прифати барањата на четири клуба за промена на системот на натпреварување со кое Мотор и ЗТР ќе требаше да бидат ослободени од натпреварување во првата фаза. 
Се подготвува нов систем на натпреваруање, но како ќе изгледа тој засега не е познато. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk