Работник ќе игра со Татран, Бидасоа

Новиот македонски вицешампион, битолски Работник есенва ќе дебитира во Лигата на шампионите. Ќе играат во групата Ц од ЛШ, а Битола доколку добие зелено светло за ЛШ по долга пауза ќе види шампионски состави во својата сала. 

Работник знаеше еден противник - Савехоф од Шведска. И знаеше два тима со кои нема да може да игра. Кристијанштад од Шведска и Динамо Букурешт од Романија. Понатаму ждрепката одеше по мерак на Работник. Тешките противници како Кристијанштад, Висла, Ч. Медведи отидоа во групата Д. 

ГРУПА Ц: Работник, Савехоф, Татран, Кокс, Бидасоа, Спортинг

ГРУПА Д: Динамо Букурешт, Ч. Медведи, Кадетен, Кристијанштад, Висла Плоцк, ГОГ Гудме

Во групната фаза од женската Лига на шампиони се извлечени следниве групи:

ЖЕНИ
А Група: Мец, Кристијансанд, Подравка, ФТЦ
Б Група: Ростов, Есбјерг, Љублин, ЧСМ Букурешт
Ц Група: Влчеа, Будуќност, Битенхајм, Брест
Д Група: Ѓер, Крим, Савехоф, Квалификант 1

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk