Французите влегуваат во чевлите на РНЛ

Европската ракометна федерација сезонава одново ќе се соочи со проблеми со термините за одигрување на натпреварите од Лигата на шампионите, а овој пат на германските екипи ќе им се приклучат и француските. 

Француските клубови, односно нивната федерација потпша богат договор со БеИнСпортс, ТВ гигант што ќе ги пренесува натпреварите од француското првенство. 

Потенцијалниот проблем е што натпреварите ќе се играат среде недела. А и натпреварите од Лигата на шампионите се играат во текот на неделата. И тоа е вовед во хаотичен календар во кој можеби ќе ги гледаме ПСЖ и Монпеље како со резерврни тимови играат или на домашна сцена или во Лигата на шампионите.

Пред две сезони имаше ваква ситуација со германските клубови и кога во еден момент РНЛ требеше да одбере дали со првиот тим ќе игра против Кил во домашното првенство или против Келце во 1/4 финалето на ЛШ. Ја одбра Бундес лигата, во Полска ја прати младинската екипа и тоа доведе до кратење на места во ЛШ на германските екипи. 
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk