Ристовска почнува руска авантура

Информацијата што ја објавивме уште на почетокот на април, дека македонската репрезентативка Сара Ристовска ќе биде дел од новиот руски проект ЦСКА Москва, денеска доби официјална потврда. 

Македонската ракометарка ќе биде една од трите странски ракометарки што ќе играат за руската екипа. Другите две ракометарки се Сабине Јакобсен од Шведска и бразилскиот голман Чана Масон. 

Неколку руски репрезентативки меѓу кои и Дарја Димитриева ќе бидат исто така дел од ЦСКА, а тренер ќе им биде Данецот Јан Лесли. 


 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk