Крах на проектот Железничар

Поранешниот ракометар на Вардар и Металург, Иван Шмигиќ, поранешниот директор/претседател на Металург, Левче Китевски и поранешниот тренер на неколку македонски екипи Јошко Петковиќ пред три сезони се нафатија да (го)работат проектор Железничар Ниш. 
И успеаја клубот што 69 години немаше никаков пехар да го направат Куп победник, обезбедија место во СЕХА, а за шампионската титула немаа среќа во последниот шут. 

Проектот се виде убав, па се најдоба поголеми риби, попаметни менаџери и уште во текот на сезоната ги изроварија редовите на клубот, по што Петковиќ си замина, си замина и Китевски, а единствено Шмигиќ остана да менаџира со новите сили во клубот. 

Го доведоа Веселин Вујовиќ за тренер, платија 33.000 евра за сертигфикати, продефилираа многу играчи, влегоа во беспарица и на крајот не освоија ништо. 
Си замина Вујовиќ, си заминаа играчите, а сега си замина и последниот од проектот - Иван Шмигиќ. 

Каков ќе биде Железничар следната сезона не би предвидувале, но со заминувањето на Иван Шмигиќ можеме да прогласиме крах на проектот. 
Следната сезона, ќе има нов проект, каков и да е. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk