Десет работи за ЛШ што можеби не сте ги приметиле

ЕХФ ги одреди учесниците во Лигата на шампионите за следната сезона и сега останува уште да ги подели екипите во шешири, што и не е толку битно, затоа што Вардар како екипа од првиот шешир ќе нема да може да игра само против еден тим. Сите други ќе бидат потенцијални противници. Одвоивме 10 моменти што можеби сте ги пропуштиле... 


1. Годинава за последен пат се игра ЛШ во овој формат. Следната сезона ќе се игра со 16 екипи, практично само со групите А и Б. Но, критериумот за влез во ЛШ ќе биде поинаков. Сите други екипи ќе се преселат во Лига Европа (досега еХФ Куп) што исто така ќе се игра по групи и во новоформиран ЕХФ Куп, натпреварување досега познато како Челинџ Куп.

2. Единствениот дебитант во Лигата на шампионите е македонскиот вице-првак Работник. 

3. За прв пат по 18 години во Лигата на шампионите нема да игра нејзниот најдобар стрелец - Кирил Лазаров. 

4. Србија и оваа година не пријави екипа за Лигата на шампионите. Последен пат, Војводина во сезоната 2015/16 ја претставуваше Србија во ЛШ. 

5. Годинава, екипа во ЛШ не пријави ниту Турција. Бешикташ беше редовен учесник минативе неколку сезони, но сега е криза  и во црно-белиот тим, а други заинтересирани, очигледно немаше. 

6. Прв пат две екипи во Лигата на шампионите ќе има Португалија. Порто е селектиран за игра во групите А или Б, додека во послабите групи ќе игра Спортинг. 

7. ЕХФ си остана на одлуката донесена пред две сезони. Нема милост за германските клубови. Само два клуба и оваа година ќе играат - Кил и Флезнбург. Апликацијата на Магдебург не мина. 

8. ЕХФ годинава немаше милост ни кон Французите. Пред една сезона имаше три француски екипи на Фајнал Фор, но годинава ќе има само две во ЛШ и покрај тоа што аплицираа четири екипи. ПСЖ и Монпеље ќе играат во ЛШ, апликациите на Шамбери и Нант се одбиени. 

9. По 24 години пауза во Лигата на шампионите се враќа еден бивш шампион. Бидасоа Ирун од Шпанија. Во 1995/96 Бидасоа стана првак откако во финалето беше подобра од Загреб. По ова, почна доминацијата на Барселона. 

10. Екипите на Монпеље, Пик Сегед и Кил, иако во ЛШ влегоа со валјд карта, ќе играат во групите А и Б. Но, ќе бидат рангирани во последниот шешир. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk