Брестовац направи и трета замена

МАКЕДОНИЈА - ГРЦИЈА  (18:00) - ТВ Телма

Селекторот Данило Брестовац направи уште една, трета замена во пресрет на вечерашната пресметка со Грција во рамките на вечерашниот од последното коло од овој квалификациски циклус.

Мартин Серафимов е третото ново име во составот на Брестовац. Тој ќе игра на местото на Томи Јагуриноски. Десен бек место десен бек, тактички нема да има промена во составот. 

Претходно на местото на Столе Стоилов беше повикан Горан Крстевски, што значи дека Македонија со два пивота, Жарко Пешевски и Филип Арсеновски ќе игра денеска. 

И првата замена беше принудна, Милорад Кукоски отпадна, на неговото место е повикан Дарко Димитриевски. 

Македонија обезбеди пласман на ЕП, штоп не беше спорно уште по победата над Исланд, но многу важен момент е рангирањето за ждрепката, а за да бидеме во вториот шешир потребно ни е првото место во групата. Тоа можеме да го оствариме со победа или со нерешен резултат вечерва. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk