(ГАЛЕРИЈА): Тренерска инвазија на Охрид

Повеќе од 120 ракометни тренери денеска пристигнаа во Охрид и учествуваат на семинарот што го организира Здружението на ракометните тренери (ЗРТМ). 

Денеска на програмата е и Изборното Собрание на ЗРТМ на кое очекуваме да биде верификуван нов четиригодишен мандат на Гино Стрезовски. Тој е единствениот кандидат пријавен за функцијата претседател на ЗРТМ.


Денеска ќе има и тркалезна маса организирана за дискусии на кои веруваме ќе има што конкструктивно да се каже, а денот ќе биде заокружен со првите две предавања на гостинот-предавач од Данска, Ларс Бјонсен. 

Бјонсен ќе има предавања и утре,  а семинарот ќе заврши со доделување на лиценците за следната сезона. 

Галерија

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk