Се бистри водата околу составот во Струмица

Селекторот на машката сениорска репрезентација, Данило Брестовац, денеска ќе ја направи последната замена во составот, со кој утре ќе излезе на дуел со Грција во салата „Парк“ во Струмица. 

Откако Дарко Димитриевски беше повикан на местото на Милорад Кукоски, на Брестовац му остана само уште да пронајде замена за Столе Стоилов кој по дуелот со Турција, замина на операција. 

Данило Брестовац вечерва ќе пресече, но би биле навистина изненадени ако тоа не биде Горан Крстевски. Брестовац најави дека со два пивота ќе игра во недела, што значи дека играч од надворешната линија ќе го менува Стоилов. 

Мартин Манасков и Горан Крстевски беа во комбинација, но Мартин Манасков се повреди. Има истегнување на мускулот и нема да може да настапи утре. 
Така останува единствено Горан Крстевски да биде пријавен во ростерот. 

Но, не е е наше туку на селекторот е да објави и официјализира кои играчи ќе бидат во ростерот, па оставаме до вечерашниот тренинг или до моментот кога ќе одлучи да го соопшти конечниот список. 

И Грците се комплетни, им се врати најдобриот играч од мечот со Македонија, Харалампос Малиос. Тој поради повреда не играше во ремито со Исланд, но сега откако имаат шанса да се пласираат на ЕП, повторно е во составот. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk