Кои екипи се пријавија за ЛШ

Многу математики, прегледување на критериуми и отпорност од лобирање ќе и треба на Извршната Комисија на ЕХФ кога ќе ги одредува учесниците во Лигата на шампионите следната сезона. 
Вкупно 35 екипи се пријавија за 28-те места. И нема воопшто да биде едноставно да се одбере кои 16 ќе играат во групите А и Б и кои од 12-те екипи што треба да ги пополнат Ц и Д групите ќе играат квалификации, а кои ќе се пласираат директно во групата. 

Македонија и Франција се единствените што бараат три места во Лигата на шампионите. За Вардар нема дилеми дека ќе биде во некоја од посилните групи, додека каква ќе биде приказната на Металург и Работник ќе видиме.
Франција бара четири екипи. Се пријави Нант и ако добие место, нема да има прекин во импресивната 18 годишна кариера на Кирил Лазаров во Лигата на шампионите. 

Од Македонија, Металург и Работник се во комбинација. Со само седум екипи што ќе останат надвор, а можно сценарио е двете наши екипи да добијат шанса. Некои од овие екипи ќе бидат избришани. Од претходните искуства, екипите од Исланд не исполнуваат криериуми, потоа овде ја имаме и екипата на Еш од Луксембург... Ќе видиме  наскоро. На 21 јуни Извршната комисија ќе ги потврди листите, на 25 ќе се знае кои екипи ќе играат директно, а кои во квалификации, ден подоцна е ждрепката за евентуалните квалификации, а ждрепката за групната фаза ќе се одржи на 27 јуни во Виена. 

Teams registered based on the EHF Ranking list (20):
BLR - HC Meshkov Brest
CRO – HC PPD Zagreb
DEN – Aalborg Handbold
ESP – Barça
FIN – Cocks
FRA – Paris Saint-Germain Handball
GER – SG Flensburg-Handewitt
HUN – Telekom Veszprém HC
ISL – Selfoss
MKD – HC Vardar
NOR – Elverum Håndball
POL – PGE VIVE Kielce
POR – FC Porto Sofarma
ROU – CS Dinamo Bucuresti
RUS – Chekhovskie Medvedi
SLO – RK Celje Pivovarna Lasko
SUI – Kadetten Schaffhausen
SVK – Tatran Presov
SWE – IK Sävehof
TUR – Besiktas Aygaz
UKR – HC Motor Zaporozhye

Further registrations for a place in the CL (15)                                                            
DEN – GOG
ESP – Bidasoa Irun
FRA – Montpellier HB
FRA – HBC Nantes
FRA – Chambery Savoie Montblanc Handball
GER – THW Kiel
GER – SC Magdeburg
HUN – MOL-Pick Szeged
LUX – Handball Esch
MKD – HC Eurofarm Rabotnik
MKD – HC Metalurg
NOR – OIF Arendal Elite
POL – Orlen Wisla Plock
POR – Sporting Clube Portugal
SWE – IFK Kristianstad
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk