Келце му украде уште еден пикер на Нант

Екипата на Нант за која игра Кирил Лазаров влегува во период на големи промени. Заминува тренерот Тјери Анти за наредната сезона се предивдени заминувањата на Николас Клер и Николас Турна, сезонава си одат Бонфоа,  Сифер, Делекроа, Еспен Лие Хансен, а сега и два години пред истекот на договорот си оди и 207 сантиметри високиот и 110 килограми тешкиот линиски играч Ромарик Гиљо. 

Ромарик Гиљо немаше вистинска минутажа покрај Турна и Печмалбек, а Талан Душебаев откако не успеа да го доведе Јуриј Климков од Гвардија Ополе, се реши за францускиот играч кој секако ќе мум врши добра работа, посебно во одбраната. Следната сезона и првиот пикер, Николас Турна ќе пристигне во Келце. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk