ПСЖ го позајми џинот во Ваљадолид

Најголемиот француски потенцијал на пикерската позиција, Робин Дурт се сели од редовите на ПСЖ на едногодишна позајмица во Ваљадолид од Шпанија, објавија денеска двата клуба. 

Робин Дурт е 207 см висок и 113 кг тежок кружен напаѓач и само со предиспозициите влегува во тефтер на Раул Гонзалез познат по тоа што сака двометраши во екипата. 

Но, Дурт кој следниот месец ќе наполни 21 година немаше шанса да се изнаигра покрај Лука Карабатиќ и Хенрик Тофт Хансен. Настапи на 17 натпревари, постигна само 8 гола.
Тоа не беше напредокот што му го предвидуваа откако стана кадетски шампион и европски јуниорски вице-шампион. 
Затоа оди на калење, Раул го праќа во својот матичен Ваљадолид. За негова несреќа тренерот Пистонеро од Ваљадолид се сели во Вардар, па ќе мора да сочека за да дознае со кого ќе работи во иднина. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk