И Металург се пријави за вајлд карта за ЛШ!

Крајниот рок за пријавување на екипи во Лигата на шампионите истекува утре, а РФМ денеска (ќе) испрати три апликации за место во ЛШ следната сезона. 
Вардар е сигурен со загарантирано место во некоја од групите „А“ или „Б“. 

Другите две екипи што аплицираа за место во ЛШ се Работник од Битола, македонскиот вице-првак и екипата на Металург, третопласиран во првенството и освојувач на Купот.

Металург има легитимно право да аплицира за вајлд карта за ЛШ. Впрочем тоа е пракса што ја прават повеќе држави, но јасно е дека ако добие Македонија место плус, тоа ќе биде само едно место.
Пред неколку години кога единствениот критериум беше пласманот во домашниот шампионат немаше вакви ситуации, но сега веќе не е така.
Сега има осум критериуми, а пласманот во домашното првенство, иако веруваме носи голема предност, е сепак, само една од осумте точки.
Во ЕХФ веќе имаше случај подобропласирана екипа да не добие место. Тоа се случи во Франција кога Сан Рафаел беше подобропласиран од Монпеље, па сепак, Монпеље играше во ЛШ, а С. Рафаел кој има полоши услови, остана да игра во ЕХФ Куп. 


Осумте критериуми според кои ЕХФ одлучува која екипа ќе игра во Лигата на шампионите се следниве:

1. Сала
2. ТВ преноси
3. Пласман во домашно првенство
4. Публика
5. Претходни настапи
6. Буџет и спонзорски потенцијал
7. Извршување на наредбите од ЕХФ и регулативите
8. Медија

Генерално и Металург и Работник се соочуваат со истиот проблем - ТВ преносите. По ланската сезона, сега е прашање дали воопшто и ќе има валјд карта за втор македонски клуб. 

Одлуката на ЕХФ ќе ја дознаеме на 25 јуни. 

Во женската Лига на шампиони, нема да имам претставник. Првакот Металург ќе игра во ЕХФ Куп. 

Рокот за пријавување на екипи во другите купови истекува на 18 јуни. Македонија би требало да има едно место во ЛШ и три во ЕХФ Куп, постои и можноста да имаме и петти тим, една екипа плус во Челинџ Куп. Пелистер ќе биде тимот што ќе биде пријавен за таа опција. 
Бутел Скопје се уште нема аплицирано, нив по пласманот на табелата им следува место во ЕХФ Куп. 

Пелистер жени се пријави за играње во ЕХФ Куп, истото се очекува и од ЖРК Куманово. 


 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk