НЕВИДЕНА ДРАМА ВО ГЕРМАНИЈА: Томовски во Прва Бундес Лига!

Македонскиот голман Мартин Томовски ќе игра во Првата Бундес лига следната сезона! Во најлудото сценарио што можеше да се замисли денеска, неговиот Лудвигсхафен одбезбеди опстанок, додека лигата ја напуштаат Гумерзбах (прв пат во историјата) и Битенхајм. 

Единствениот резултат што на Лудвигсхафен му оставаше шанса да остане во Бундес лигата беше нерешено на дуелот меѓу Битенхајм и Гумерзбах. И тие одиграа нерешено и испаднаа и двата клуба од Лигата. Михаел Краус имаше шут за победа на Битенхајм, но не го погоди голот. Гумерзбах не нападна во последните 10 секунди и остана нерешено. 

Но, на теренот на Лудвигсхафен имаше поинкава драма. На 30 секунди до крајот против Минден беше нерешено. Постигнаа гол за 31-30 и го одбранија тој резултат и статусот Бундеслигаши. И тоа поради подобра вкупна гол разлика од Гумерзбах и тоа за еден единствен гол - победничкиот против Минден. 

А тоа значи дека Мартин Томовски следната сезона ќе брани во најсилната лига! 

Нов шампион на Германија е Флензбург. Тие денеска го совладаа Бергишер и ја одбранија предноста пред Кил.

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk