Металург има нов тренер!

Освојувачот на Купот на Македонија, екипата на Металург ја заврши потрагата по тренер. На местото на Данило Брестовац, односно Оливер Димитриоски, на почетокот на следната сезона, на клупата во „Автокоманда“ ќе седне српскиот тренер Дамир Стојановиќ. 

Дамир Стојановиќ во својата кариера како тренер главно е ориентиран кон работа со помладите генерации. Тоа го работел во белградски Земун, а потоа првиот интернационален предизвик го имаше во грчката екипа Патра. Од таму замина за унгарскиот Вечеши, потоа во Хапоел Ришон Лезион од Израел и сега доаѓа до највисокото скалило во својата тренерска кариера - да го преземе Металург. 

Не е звучно тренерско име какви што главно беа во Металург последната деценија, но српските колеги и тренери кои ги прашавме за Стојановиќ со суперлиативи зборуваа за неговата работа, потенцијал и карактер. Во ситуација во каква што е Металург, го оценија како едно од најдобрите решенија за клубот, барем во делот на српски тренери. 

Како што дознаваме Дамир Стојановиќ вчера бил на преговори со претседателот на клубот, Зорица Блажвска, ги усогласиле ставовите и условите. Останува и идејата за ангажирање на играчи од Кина и САД, па затоа Стојановиќ ќе оди во Грузија каде што се игра IHF Emerging Nations а настапуваат и САД и Кина. Таму со селекторот на Грузија Никола Максимовиќ и неговиот гостин Драган Ѓукиќ сигурно ќе имаат што да си кажат и во изборот на играчи за следната сезона. 

Денеска оваа одлука треба да мине и низ управните органи на Металург и наскоро очекуваме клубот и официјално да ја потврди нашата информација. 

-------------------------------
Преземањето и преработувањето на авторски текстови без дозвола и без наведување на изворот е обична кражба
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk