Прибак си оди од Бешикташ

Немања Прибак, миленик на навивачите на Вардар од времињата кога се водеа најжестоките битки со Металург, летово принудно ја менува средината. Си заминува од Бешикташ пред истекот на договорт. Информацијата ни ја потврди и Прибак. 
Натурализираниот македонски репрезентативец со потекло од Србија, во два наврати има играно за Вардар во кариерата. Вториот пат замина во 2015 година и се пресели во Истанбул, во екипата на Бешикташ. 

Во тој период Бешикташ одеднаш стана многу интересен и за ЕХФ, затоа што се прошири шпекулација дека Туркиш Еирлајнс влегува со големи амбиции во клубот. Тоа го доведе и Кил на пријателски натпревар на Босфорот, а и Бешикташ во еден момент доби директна позиција во Групите „А“ и „Б“ во Лигата на шампионите. 
Но, овој ветар во грб од ЕХФ не се претвори во успешна приказна. Не се остварија очекувањата, Бешикташ четири години играше ЛШ, за сега да направи рез и да најави поскромни денови и амбиции. 

Следната година, којзнае како ќе изгледа овој клуб, но предвреме си заминува Прибак, замина Крсманчиќ по една сезона, а добар улов за сите, па и за Вардар доколку не се реализира трансферот на Никола Портнер би било египетскиот голман Хендави. Него не го паметиме по добро од дуелите на Бешикташ со Металург во ЛШ. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk