Митревски: Еднаш се изгоревме во овие квалификации

Македонските репрезентативци, со водливо отсуство на неколку клучни играчи како Стоилов, Лазаров, Георгиевски, Талески, Кузмановски... денеска ја имаше првата средба со што се означи и стартот на мини подготовките за претстојните дуели со Турција и Грција. 

Целта на Македонија се две победи и освојување на првото место и вториот пепир во ждрепката за ЕП.

„Еднаш се изгоревме во овие квалификации и тоа ни е поука пред последните два меча. Нема да ја потцениме Турција, тие си имаат свои математики и ќе секаат да обезбедат пласман, но нашата цел е првото место во групата и вториот шеир во квалификациите. 
Има доволно искуство и квалитет во нашиот тим и доколку одиграме како што треба, тогаш не би требало да имаме поголеми проблеми и во Турција и на последниот меч со Грција“, изјави новиот голман на Работник, Никола Митревски. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk