ТРЕНЕРСКИ ТРАНСФЕРИ: Лархолм стана тренер, втор Шпанец во Мешков...

Ова лето на трансфер маркетот ќе биде дефинирано со големи тренерски промени. Такви што дури и играчките трансфери се наоѓаат во сенка. 
А и како не би било кога тренери менуваат Кил, РНЛ, Нант, Вардар, Металург, а во текот на сезоната менуваа и Мешков Брест, Веспрем... 

Познато веќе извесно време на местото на Алфред Гисласон во Кил ќе дојде Филип Јиха. На местото на Николај Јакобсен во РНЛ, Кристијан Андресон. Место Парондо во Вардар очекуваме да биде потврден Зорман, а веројатно Алберто Ентрериос ќе седне на клупата на Нант, на местото на Тјери Анти кој пак оди во Спортинг. 

Издвојуваме уште тренерски вести:

Раул Алонсо откако од улога на асистент стана прв тренер на Мешков Брест, си донесе свој помошник. Нормално, Шпанец, Сабеастиа Селваст е ново име на клупата на Мешков Брест.

Јонас Лархолм, своевремено најголем талент заедно со  Ким Андерсон, стана тренер на шведскиот клуб Савехов. На нивната клупа ќе биде само една сезона, а потоа доаѓа Микаел Апелгрин. 

Растислав Тртик, екс тренер на Татра Прешов, сега на Горњик Жабже од Полска изненадувачки ја прекина соработката со Горњик. 

Лесек Кровицки, селекторот на женската репрезентацијата на Полска ќе биде заменет откако за три години работа не успеа да ја однесе Полска на ЕП или СП. Во последните квалификации беа елиминирани од Србија
 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk