Ќе игра ли Работник во ЛШ? Ќе чекаме уште 10 дена

Спуштена е завесата на клупски план во Европа. ЕХФ денеска го објави и календарот на првите активности за следната сезона, последна која во овој формат се игра во Лигата на шампионите. 

Рејтингот е направен уште минатиот јуни. Последнава сезона не се смета во бодувањето на наредната. Македонија е на седмото место и има еден клуб во ЛШ и три во Европа. 

Работник најави дека ќе аплицира за учество во ЛШ. Ќе ја бара фамозната вајлд карта што Металург без поголем проблем ја добиваше. 
Но сезонава се сменија работите. 
ЕХФ потврди дека и за следната сезона важат критериумите што важеа за тековната. Тоа се осум точки. 
1. Сала
2. ТВ преноси
3. Пласман во домашно првенство
4. Публика
5. Претходни настапи
6. Буџет и спонзорски потенцијал
7. Извршување на наредбите од ЕХФ и регулативите
8. Медија

И без да шириме лажна еурофија, работите за Работник не стојат добро. И тоа во клучните точки - сала и тв пренос. Сите други точки ќе пројдат лесно.
Иако стои како точка, а во суштина и не се брои, за точката осум, односно во медиумскиот дел нема да ги (по)фалиме, барем ако нас не прашате.

Главните точки се спонзорство Сала и тв пренос. А (посебно) по годинешното непокривање на Лигата на шампионите од ниту една македонска тв куќа ќе биде најголемата препрека за Работник. 
Но со добра логистика и правилно насочен напор, доколку се обезбедат услови, може да видиме и ЛШ во Битола по многу години. 

Одговорот од ЕХФ ќе го добиеме на 25 јуни. 

Многу битно за македонскиот ракомет е Работник да добие право да игра во ЛШ. На тој начин Металург ќе оди во привилегираните, односно носителите во ждрепката. Сезонава во која Вардар стана шампион не се брои во ранкингот, но се брои кога ќе се одредуваат носителите. 
А тоа може да значи долга и убава сезона и за Металург и евентуално за Бутел Скопје. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk