Металург ќе купува играчи од Кина или САД

Претседателот на Металург, Зорица Блажевска и претседателот на ИХФ, Хасан МУатафа, имале кратка средба за време на турнирот во Келн. 
Хасан Мустафа на изненадил Блажевска со солидните информации што ги имал за работата на Металург, посебно во делот на формирање и производство на млади ракометари.
Мустафа притоа потенцирал дека ИХФ има отворени врати за соработка со Металург, а оттука доаѓа и идејата за ангажман на ракометар(и) од САД и Кина. Овие две држави (читај пазари) се таргет на ИХФ, а Металург ја прифатил идејата и можно е наскоро да стигне во „Автокоманда“ и некое егзотично „засилување“ од некоја од овие две земји. 


Хасан Мустафа и Зорица Блажевска договараа соработка меѓу ИХФ и Металург
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk