Финта беше или не, Штербик ќе биде на голот вечерва

Арпад Штербик е пријавен за вечерашниот натпревар од финалето на Лигата на шампионите во Келн. Арпад Велики, вчера ги имаше своите најдобри 20 минути во сезоната, но потоа Марко Мамиќ слета на неговото стапало и средбата ја заврши уште во првата четвртина. 

Потоа беше „сигурна“ информацијата дека денеска нема да игра. Дури најавија и нов играч дека доаѓа од Веспрем на неговото место. 

Финта беше или не, сеедно, Арпад Штербик вчерва ќе биде на теренот во Ланксес Арена. Дали е фит или не, ќе имаме можност да видиме. Истото се однесува и за Ласло Наѓ. Едноставно, финалето на Лигата на шампионите е преголем настан за да може така да биде прескокнат од две вакви големи имиња. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk