Одмазда сервирана ладна

ВЕСПРЕМ - КЕЛЦЕ   33-30 (13-13)

Три години чекаше Веспрем реванш со Келце на Фајнал Фор за да врати малку за горичината за легендарно загубеното финале од 2016. 
Конечно, денеска дочека сатисфакција. Во полуфиналето, Веспрем го совлада Келце 33-30 и утре ќе игра со подобриот од дуелот Вардар - Барса. 

Веспрем предводен од Штербик поведе 4-0, но Келце успеа да се врати во игра, да го сврте резултатот 10-8, а на полувреме беше 13-13. Патем Штербик кој за 15-тина минути имаше 8 одбрани се повреди, се повреди и Ласло Наѓ, Дејан Манасков не ни влезе во игра поради проблем со мускулот, а средбата не ја заврши ниту Благотиншек кој доби директен црвен картон. 

Во второто полувреме се играше еден на еден или се или ништо. Петар Ненадиќ беше џокер за финале. За само 30 минути постигна 12 гола. 
Лука Циндриќ парираше на другата страна. Не му одеше на Хрватот 45 минути, а потоа постигна пет гола еден по еден. 
Клучен момент, најдобриот играч на Келце, Алекс Душебаев се обиде да изнуди пробивање во момент кога Веспрем организираше против-напад. Но, задоцни со стартот, па доби две минути. Неговиот татко, Талант Душебаев реши да игра без голман и прими три гола на празна мрежа, а Веспрем дојде до плус четири. 

Потоа одново почна брканицата, но Ненадиќ не дозволи Келце да направи нов пресврт. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk