ПРВА ЛИГА: Дерби за крај, Астраион и Младост за прво место

Вечерва од 20:00 часот во струмичката сала „Парк“ ќе се одигра последниот натпревар што решава за првото место во Плеј аут лигата што се игра во рамките на Првата лига.

Домаќин е Астраион кој има 28 бода на табелата, а гостин е Младост Богданци, лидер на првенството во моментов, но со 30 бода. 
Оваа средба ќе го даде новиот, односно првиот победник на Плеј аут. На гостите им одговара и нерешен резултат. 

Поделбата на Прва Лига на две групи беше полн погодок и се задржа заинтересираноста за овој шампионат до самиот крај. Потврда е вечерашниот меч на кој очекуваме добра посета и добар ракомет. 

Утре ќе биде комплетиран шампионатот и позната конечната табела, 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk