Работник го претстави и Маџовски

Македонскиот вице-првак, екипата на Работник утрово го пријави и треттото засилување за следната сезона. По словенечкиот плеј мејкер Анже Ратајец и македонскиот голман Никола Митревски, во редовите на Работник се сели и левото крило на Металург, Бојан Маџовски. 

Овој трансфер беше најавен, но се чекаше официјална потврда и промоција. 

Работник доведе квалитетен домашен играч, а радува и моментот што ракометарите од генерацијата на која припаѓа Маџовски не се заборавени и имаат рејтинг и цена во домашниот ракомет. И за поздравување е моментот што битолчани прво гледаат на домашната сцена, потоа кон странство. Барем за позициите на кои имаме квалитетни македонски ракометари. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk