ВИДЕО: Стигна и Вардар, шоуто може да почне

Вардар имаше мали проблеми поради откажаниот лет од Виена за Келн, па мораше да ја менува рутата на патување преку Дизелдорф, но стигна во „пристојно“ време синоќа, нешто по 22 часот и со тоа го комплетираше квартетот на екипи што утре ја почнуваат битката за шампионската титула во најсилното клупско натпреварување на ЕХФ. 

Први на мегдан утре излегуваат Келце и единствената екипа од овој турнир што нема освоено шампионски пехар - Веспрем. 

Потоа на ред е репризата од полфиналето 2017 во кое се сретнаа Барса и Вардар. ЕХФ подготви посебно видео за да потсети на ривалството што одеднаш се изгради меѓу овие два тима. 

 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk