Металург 2 е нов суперлигаш!

Металург 2 е победник, првак во Првата Лига и според остварениот резултат во првенството обезбедува директен пласман во Супер лигата за следната сезона. 

Металург 2 во пресрет на последното коло имаше бод предност пред Работнички и два бода пред Јуниор Кисела Вода. 

Вечерва го одиграа својот натпревар од последниот натпревар од сезоната, на гости кај екипата на Вардар Неготино. Избраниците  на Раде Стојановиќ не дозволија изненадување и победија 32-24 и сега има недостижна предност од четири бода пред Работнички и обезбедно прво место во шампионатот. Така по една сезона оваа екипа одново се враќа во суперлигашкото друштво. 

Јуниор Кисела Вода и Работнички во сабота 13:00 во салата „Круме Кепески“ во Кисела Вода ќе се борат за второто место кое пак носи бараж натпревар со екипата на Прилеп за последното место во Супер лигата. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk