Македонскиот голман Никола Митревски реши да пресече и да стави потпис на договор за следната сезона. Од неколкуте понуди за кои онформиравме пред неколку часа, се реши да ја одбере таа од дома.
Митревски е новиот голман на Работник, вице-првакот на Македонија и учесник во СЕХА Гаспром следната сезона.
„Долго време се договаравме, најконкретни беа и се решив за Еурофарм Работник“; изјави Митревски.
Македонскиот тим покажува амбиции да биде сериозен играч и идната сезона и во исчекување на разврската во Вардар да направи тим што ќе може да се бори и за шампионска титула.
Голманската позиција, сега им е одлично покриена, останува да формира и другиот дел од тимот, каде што најмногу ќе недостасува Филип Кузмановски кој летово заминува за Магдебург.