Митревски бира меѓу Германија, Данска, Романија и дома

Ремонтот што ќе биде извршен во романскиот тим Констанца, вклучително со заминувањето на двајцата македонски ракометари (Никола Митревски и Велко Маркоски) не значи дека кариерите на нашите играчи ќе трпат или дека тргнале во надолна линија. 

Напротив, Никола Митревски кој во Констанца дојде од редовите на Бенфика има пред себе неколку опции со кои кариерата може да ја насочи во каква што сака насока. Дали во најсилната лига, во клуб од Лигата на шампионите, да остане во Романија во друг клуб или пак, да се врати во Македонија. 

Единственото име што ќе го споменеме во оваа комбинаторика е екипата на Лајпциг. Бундеслигашот што резултатски е под средината на табелата, но со влијание е еден од најмоќните во Германија со оглед на тоа дека Хенинг, Прокоп, Кречмар дефилираат во овој клуб е заинтересиран за Митревски. Долга е историјата на преговори меѓу Митревски и Лајпциг, па затоа и не го ставаме овој трансфер на прво место. 

Една од двете водечки екипи во Данска е спремна да го ангажира, рековме и една екипа од Романија. Романскиот клуб има и официјална понуда. 

Македонија исто така е опција. Пелистер, Работник и откако денеска остана без еден од голманите и Вардар би можел да биде во конкуренција. Но, во Вардар има многу што и како да се случи следниов период, а се е ставено на список на чекање поради настапот на Фајнал Фор турнирот во Келн. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk