Шундо останува, Митревски и Маркоски - НЕ

Констанца долго време беше порепознатлива на овие простори како „македонска колонија“ со оглед на тоа дека таму играа Никола Митревски и Велко Маркоски, тренер е Звонко Шундовски, а директор Бранко Ангеловски. 

Следната сезона, нема да биде така. Би рекле типично во романски стил, откако не успеаја да победат во финалето на романската лига и мораа да се задоволат со второто место, во клубот се подготвува ремонт во кој дури девет ракометари, од кои осум се странци си заминуваат. 

Меѓу осуммината странци што следната година нема да играат за Констанца се и Никола Митревски и Велко Маркоски, двајцата македонски репрезентативци. 
Звонко Шундовски останува да биде тренер на тимот. 
Осумте странци што заминуваат се Никола Митревски, Велко Маркоски, Вјачеслав Салдаценка, Далибор Чутура, Јанко Кевиќ, Немања Младеновиќ, Никола Црноглавац и Стеван Вујовиќ.

Никола Митревски и Велко Маркоски имаат валидни договори со Констанца, но и двајцата побарале раскин на договорот. 

За Митревски одамна има заинтересираност во Македонија, посебно од Пелистер, се споменуваше и Работник, а сега не би не чудело и Вардар да влезе во некоја комбинација. 
Велко Маркоски не беше дел од вакви шпекулации, но сега како слободен играч сигурно ќе стане интересен за повеќе наши екипи, доколку реши да се врати во Македонија. 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk