Handball4All: Летна Академија што вреди да се посети

Еден од ракометните проекти, повеќе познат надвор од овие простори е академијата „Handball4all“, спецфичен собир на ракометни заљубеници, тренери и играчи, првенствено наменет за индивидуално усовршување. 
Оваа академија по деветти пат ќе има своја летна акција, во Кладово, Србија од 24 до 30 јуни. 
Преку теоретска и практична работа, заедно со некои од најпознатите тренерски имиња на денешницата, младите ракометари (јуниорска и сениорска возраст) од целиот свет (на досегашните изданија доаѓаа од Шведска, Израел, Италија, Јапонија, В. Британија, Тунис, САД...) стекнуваат некои нови знаења, вештини и искуства. 
Официјалниот јазик на кој се комуницира е англиски, затоа што доаѓаат гости од целиот свет. Академијата почна со работа во 2011 година а први гости беа Штафан Олсон, Боб Хенинг, Хавиер Сабате, Карлос Ортега итн. Промотери биле ѕвезди како Кирил Лазаров, Светлана Китиќ, Недељко Јовановиќ, Ненад Перуничиќ, Иван Лапчевиќ итн. 
 
Оваа година ви ги издвојуваме како попознати кај нас Ивица Обрван, Драган Аџиќ и единствениот Македонец што ќе одржи предавања -  Стевче Алушовски... 

Тренинзите стручни трибини, интересни предавања и тркалезни маси, ракометни работилници со гости од ракометниот свет, тестирања и презентации на некои од најновите истражувања, публикации и настани, како и сите други активности од оваа и од претходните академии можат да се следат на официјалниот youtube канал 


Facebook/Instragram профил “Handball4all” или преку веб страната www.handball4all.org

Дел од претходните изданија беа и учесници од Македонија како Кирил Лазаров, и талентираните млади играчи како Милан Лазаревски и Дарио Алушовски, како и тренерот Стевче Алушовски. 

Галерија

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk