Работник се збогува со Кузмановски

Денеска со одигрување на двата последни натпревари заврши македонскиот државен шампионат, плеј оф Дивизијата. 
Работник го совлада Бутел (33-20), Пелистер беше подобар од Пролет (36-27) по што е позната и конечната табела на која Вардар е прв и сигурен учесник во Лигата на шампионите, Работник е втор, Металург е на третто место, потоа следат Бутел Скопје, Пелистер и Пролет. 

Дуелот со Бутел Скопје беше последен на Филип Кузмановски во дресот на Работник. Тој во Битола дојде од редовите на Металург и одигра клучна улога во победите на овој клуб над Металург и пласманот на второто место со што се здоби со право да игра во СЕХА Гаспром. 
Доколку мина нивната апликација во Виена ќе играат и во Лигата на шампионите, во спротивно ќе бидеат во ЕХФ Куп исто како и Металург и Бутел Скопје. 

Филип Кузмановски сега му се приклучува на нашиот втор голем талент, Филип Талески кој веќе втора сезона игра во Бундес лигата. Кузмановски од есен ќе настапува за екипата на Магдебург. 

Работник, пак, ќе се обиде да го замени со уште еден наш талент и одново ќе се обиде да купи играч на Металург. Станува збор за Марио Танкоски. Случајот е на Арбитража затоа што тој има валиден договор со Металург и за раскин клубот од битолчани побара 40.000 евра. 
 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk