КАДЕТСКО СП: Македонија ги доби мундијалските противници

Македонските кадети во август (6.08 -18.08) ќе играа на Светското првенство што ќе се одржи во скопските сали „Борис Трајковски“ и „Јане Сандански“.
Шанса на светската сцена да лансираме нова генерација на ракометари овој пат предводени од играчи со искуство од Лигата на шампиони како Мартин Серафимов, потоа новиот член на ППД Загреб - Ненад Костески итн. 

„Сигурен сум дека нашата прекрасна земја ќе биде успешен организатор на овој мундијал, дека ќе гледаме врвен ракомет“, изјави претседателот на РФМ, Живко Мукаетов, пред почетокот на извлекувањето. 


Денеска во Базел, во полудиригирана ждрепка во која Македонија одбра група откако беа извлечени сите шешири, по што ги добивиме противниците и целата шема за натпреварување на мундијалот. 



СП МАКЕДОНИЈА 2019

ГРУПА „1“: Словенија, Хрватска, Шпанија, Норвешка, Чиле, С. Арабија

ГРУПА „2“: Унгарија, Шведска, Франција, Египет, К. Тајпеј, Канада

ГРУПА „3“: Македонија, Данска, Бахреин, Јапонија, Аргентина, Нигерија

ГРУПА „4“: Србија, Исланд, Германија, Тунис, Бразил, Португалија


 
Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk