КАДЕТСКО СП: Ракометаришта што „проодеа“ во Македонија

Македонија летово ќе биде домаќин сме на Кадетското светско првенство. Мундијал за ракометари на возраст до 19 години што почнува на 6 август, завршува на дванаесет дена подоцна. Македонија противниците ќе ги добие утре (среда, 29 мај). 
Во централата на ИХФ во швајцарскиот Базел ќе се одржи ждрепката за Светското првенство. Македонија ќе биде во третиот шешир со привилегија да ја избере групата пред да се извлечат носителите еден и два. 

Кадетско СП Македонија 2019
1. Шешир: Шведска, Исланд, Данска и Хрватска
2. Шешир: Шпанија, Германија, Франција, Бахреин
3. Шешир: Македонија, Србија, Словенија, Унгарија
4. Шешир: Египет, Јапонија, Норвешка, Тунис
5. Шешир: Бразил, Аргентина, Чиле, Тајпеј
6. Шешир: Нигерија, С. Арабија, Португалија и Канада

Кога ќе се спомене кадетски или јуниорски шампионат, веднаш следи воздишка и одмавнување со рака кај обичниот спортски фан. Единствено позагреаните и вистинските љубители на ракометот ја пронаоѓаат вистинската убавина во овие првенства. Затоа одбравме неколку моменти со кои се надеваме дека ќе го промениме ваквото мислење и ќе привлечеме поголемо внимание кога ќе дојде моментот да се гледаат „децата“ до 19 години на терен. 

Македонија во 2007 година беше домаќин на Светско јуниорско првенство.  Се играше во Скопје и во Охрид. За Македонија тогаш играа Столе Стоилов, Велко Маркоски, Гоце Георгиевски, Никола Митревски, Ддејан Пецаковски... Селектор ни беше Веселин Вујовиќ. 
Не направивме некој голем резултатски успех, но се создаде репрезентација од која сениорската селекција и ден денеска убаво профитира. 

Но, така е и кај другите селекции, фановите што беа во Охрид или Скопје на тие натпревари можат да кажат дека ги паметат од „мали“ нозе и следниве ракометари

Германија: Уве Гензајмер, Штефан Вајнхолд,, Мартин Шторбел, Тим Кнојле
Шведска: Андреас Палицка и Јохан Сјостранд
Хрватска: Иван Чупиќ, Јаков Гојун, Ален Блажевиќ, Жељко Муса, Дамир Батиновиќ, Мате Шуњиќ
Шпанија: Едуардо Гурбиндо, Хорхе Македа, Кристијан Угалде
Русија: Павел Атман, Данил Шишкарев, Вадим Богданов, Самвел Аслањан, Елдар Насиров
Франција: Винсан Жерар, Вилијам Акамбре, Никлас Клер, Самуел Онрубиа
Словенија: Јуре Доленец, Марко Безјак, Себастијан Скубе, Матевж Скок, Клемен Цехте
Данска: Никлас Ландин, Хенрик Тофт Хансен, Мадс Кристијансен, Каспер Ирминг
Словачка: Михал Урбан, Михал Копчо, Андреј Петро

Издвојуваме уште и Ервин Фојчман од Аргентина, Магалаеш од Португалија, Велингтон од Бразил, Идриз Дризи од Тунис итн.

Списокот на играчи што ги набројавме како дел од СП Македонија 2007, би требало да се смета како отворена покана од 6 до 18 август да се одвои малку слободно време и да се дојде до „Борис Трајковски“ или „Јане Сандански“. Тука ќе бидат сите идни ѕвезди на светскиот ракомет. 





 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk