Томовски потпиша за клуб од Бундес лига

Македонскиот репрезентативен голман, Мартин Томовски, е нов член на германката екипа Лудвигсхафен. Трансферојт го најавивме пред извесен период, сега имаме информација дека е завршена работа и дека тој следната сезона ќе игра во Германија. 

За жал, екипата на Лудвигсхафен не успеа да се избори за опстанок во најсилната Бундес лига. На две кола до крајот, заостануваат три бода зад Битенхајм и Гумербах. Две од трите споменати екипи ќе ја напуштата најсилната лига. 

Но, играњето во Германија во екипа што има резултатки амбиции екпресно да се врати во елитата значи голема одговорност и се надеваме многу минути минати на терен за македонскиот голман. 
Конечно, ќе им шанса да се покаже пред германската јавност, а таму ловот на таленти е отворен 365 дена во годината. 
Не се сомневаме дека Лудвигсхафен ќе биде вистинската отскочна даска, посебно затоа што не дека сме уверени, туку со сигурност можеме да кажеме дека Томовски е голман со одличен квалитет и може да се потпрат на него и многи позвучни имиња од Лудвигсхафен. 

Поврзани вести

Ви се допаѓа текстот?
Кликнете Like на нашата FB страница и станете дел од g-sport.mk